Претседателот на Португалија приреди Новогодишен прием за дипломатскиот кор

26 јануари 2022

Амбасадорката Јадранка Чаушевска Димов, како нерезидентен амбасадор во Португалија присуствуваше на Новогодишниот прием што на 18 јануари го приреди претседателот на Португалија, Marcelo Rebelo de Sousa во Palácio National de Queluz, за дипломатскиот кор, акредитиран во оваа земја. 

Амбасадорката му се заблагодари на Претседателот за севкупниот ангажман за време на Португалското претседателство со СЕУ во однос на постигнувањето напредок во евроинтегративниот процес на нашата земја.