Јадранка Чаушевска Димов



Јадранка Чаушевска Димов


Јадранка Чаушевска Димов е вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северена Македонија во Француската Република од 31.08.2018 година и Постојан делегат во УНЕСКО од 4.02.2019 година.

Родена е во Велес во 1968 година.

Дипломира во 1990 година на Катедрата за француски јазик и литература при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. 

Таа ја започна својата дипломатска кариера како помлад соработник во Секторот за европски земји при Министерството за надворешни работи во 1995 година. На прва дипломатска мисија заминува во 1997 година како втор секретар, а во 2000 година е унапредена во прв секретар, во Амбасадата во Париз и Постојаната делегација во УНЕСКО.

По враќањето во 2001 година во Министерството за надворешни работи, станува помошник раководител на Секторот за аналитика и истражување до 2007 година, а потоа и Раководител на Секторот за безбедност и информатика. Од 2008 до 2012  година, таа е министер советник во Амбасадата во Република Бугарија. Во тој период, во два наврати е и Вршител на работите во оваа Амбасада.    

Од 2012 до 2017 е Раководител на Секторот за билатерални односи со земјите од пошироко соседство, односно Помошник директор во истиот Сектор. Од 2017 до заминувањето како Амбасадор во Франција, Јадранка Чаушевска Димов е Директор за билатерални односи со Европските држави во Министерството за надворешни работи.

Во рамките на својата дипломатска кариера, посетувала повеќе обуки и курсеви за професионално усовршување, како:  Курс за млади и постари дипломати од Централна и Источна Европа во Холандскиот Институт за меѓународни односи Клингендал во Хаг (1996), Семинар за Заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Центар за европски студии од Стразбур (2002),   Семинар за административна безбедност, Семинар за информатичка безбедност - ДБКИ  (2002),  Техники за водење преговори, медијација и претседавање  (2014) и Работилница за стратегиско планирање (2017), во организација на Центарот за политички и дипломатски студии од Лондон.