Bilateral Relations with The French Republic



Дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и Француската Република се воспоставени на 16 декември 1993 година

 


Билатерална договорна рамка:

 

 

Склучени договори предмет на ратификација

1. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Француската Република за уредување на состојбата на меѓународните договори меѓу Република Македонија и Француската Република“

  • склучена на 14 декември, 1995 година со размена на Ноти
  • во сила од 14 декември 1995 година

2. „Договор за реорганизација на долговите меѓу Македонската Влада и Владата на Република Франција.“

  • склучен во Париз, на 30 декември, 1996 година..
  • во сила од 10 октомври 1997 година

3. „Спогодба за заемна административна помош меѓу Македонската Влада и Француската Влада за спречување, истрага, утврдување и санкционирање на царинските прекршоци“

  • склучена во Париз,  на 29  јануари 1998 година..
  • во сила од 1 јуни 2000 година

4. „Договор меѓу Македонската Влада и Владата на Република Франција за заемно поттикнување и заштита на инвестиции“

  • склучен во Париз,  на 29  јануари, 1998 година
  • во сила од 31 март 2000 година

5. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Француската Влада во врска со меѓународниот патен превоз на стоки“

  • склучена во Париз, на 29 јануари, 1998.

6. „Спогодба за културна, образовна, научна и техничка соработка меѓу Македонската Влада и Француската Влада“

  • склучена во Париз, на 29 јануари, 1998 година
  • во сила од 1 јануари 1999 година

7. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на Француската Република за преземање лица со нерегулиран статус“

  • склучена во Скопје, на 8 октомври, 1998 година
  • во сила од 17 јуни 1999 година

8. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Француската Влада за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на данокот од доход и данокот на капитал“

  • склучена во Париз, на 10 февруари, 1999 година
  • во сила од 1 мај 2004 година

9. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на  Република Франција за соработка во областа на внатрешната безбедност“

  • потпишан  во Скопје, на 18 март, 2003 година
  • во сила од 1 септември 2006 година

10. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на  Република Франција за мобилност на млади“

  • потпишан во Скопје, на 1 декември, 2009 година

11. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на  Француската Република за размена и заемна заштита на класифицирани информации“

  • потпишана во Скопје на 5 јули, 2010 година
  • во сила од 1 февруари 2011 година

12. „Спогодба меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Франција која се однесува на средните училишта со франкофонски двојазични паралелки“

  • потпишана во Скопје на 26 февруари 2019 година

Договори преземени преку сукцесија 

1. „Конвенција за трговија и пловидба“ од 30.01.1929.

2. „Спогодба за предавање на воени злосторници меѓу Владите на Југославија и Франција“, склучена со размена на писма од 27 јули, 1946.

3. „Општа конвенција за социјално осигурување меѓу Владите на Југославија и Франција“, од 5 јануари 1950 година со административни аранжмани, дополнувања и протоколи

4. „Спогодба за размена на писма за регулирање на одредени француски интереси“ од 18 ноември 1950 година

5. „Спогодба за надоместок на француските интереси национализирани во Југославија“ од 14 април 1951 година

6. „Спогодба за регулирање на  францускиот финансиски долг меѓу Владите на Југославија и Франција“ од  2 август 1958 година (Дополнување од 1 јуни 1967 година)

7. „Спогодба за надоместок на француските имоти,права и интереси национализирани во Југославија,што не се содржани во спогодбата од 14 март 1951 година“

8. „Спогодба меѓу СФРЈ и Република Франција за олеснување на примената на Хашката Конвенција за граѓанска постапка“ од 1 март 1954. од 29 октомври, 1969 година

9. „Конвенција за заемна правна помош во кривичните работи меѓу Владата на СФРЈ и Владата на Француската Република“ од 29 октомври, 1969 година

10. Конвенција за издавање на исправи за лични состојби и за ослободување од легализација од 29 октомври, 1969 година

11. „Конвенција за предавање на лица, склучена меѓу Владата на СФРЈ и Владата на Француската Република“  од 23 септември 1970 година,

12. „Конвенција за признавање и извршување на судски одлуки во граѓанските и трговските работи,меѓу СФРЈ и Франција“ од 18 мај, 1971 година

13. „Спогодба за заштита на инвестиции меѓу Владата на СФРЈ и Владата на Француската Република“,од 28 март, 1974 година

14. „Спогодба за односите во областа на филмот“ од 27 октомври, 1975 година

15. „Спогодба за соработка во областа на туризмот“ од 4 јули,1976 година


Договори и документи кои не подлежат на ратификација 

1. „Финансиски протокол меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република  Франција“

  • склучен во Париз на 06.12.1995 година

2. „Спогодба за укинување на визите за носителите на дипломатски пасоши меѓу Македонската Влада и Владата на Република Франција (склучена со размена на писма)“

  • склучена во Скопје на 08.10.1998 година

3. „Договор за реципрочно признавање на возачки дозволи“ (со размена на ноти-Амб на Република Македонија- Париз)

4. „Договор за заеднички развој меѓу Владата на Република Македонија и Електростопанство на Франција“

  • склучена во Скопје на 15.12.1998 година

5. „Конвенција за буџетска помош меѓу Македонската Влада и Француската Влада“

  • склучена во Скопје на 01.05.1999 година

6. „Договор за консолидација на долговите меѓу Владата на РМ и Владата на Француската Република,“

  • Склучен  во Париз на 17.09. 2003 година

7. „Спогодба за соработка помеѓу  Министерството за локална самоуправа  на Република Македонија и  Регионот Долна Нормандија“

  • потпишан во Каен, на 20 октомври, 2009 година

8. „Договор за соработка меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура и комуникации на Република Франција“

  • Склучен во Париз на 04.05. 2010 година

9. „Иницијатива за обнова на Спогодбата за соработка помеѓу Министерството за локална самоуправа  на Република Македонија и Регионот Долна Нормандија,  склучена  во Каен, на 22 октомври, 2009.“

  • Склучена  во Скопје, на 04.07.2012.

10. „Договор за соработка помеѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Амбасадата на Република Франција во Република Македонија“

  • потпишан во Скопје на 5 февруари 2014 година

 

Last updated: 24 March 2021