Embassy of the Republic of North Macedonia in France

5, rue de la Faisanderie, 75116 Paris

Phone: ++ 331 45 77 10 50

Fax: ++ 331 45 77 85 77

Latest news

Османи го одбележа месецот на Франкофонијата

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, 31.03.2023. заедно со францускиот Амбасадор, Сирил Бомбардер и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во Паркот на франкофонијата во Скопје, засади 10 садници по повод Месецот на Франкофонијата, со што и се заокружи Месецот на Франкофонијата.   „Сметам дека овој зелен амбиент претставува идеално место и момент за заокружување на Месецот на Франкофонијата; месец кога со засилен интензитет и со зголемен ентузијазам ги славиме францускиот јазик, културната различност и вредностите кои не обединуваат“, рече Османи.   Воедно, Османи истакна дека Франкофонијата е во служба на зближување на народите и дека на симболичен начин тоа го манифестираме и денес, афирмирајќи уште една вредност: чување на природната околина, нагласувајќи: „Дрвцата што денес ќе ги посадите овде, во чест на Франкофонијата, ќе бидат сведоштво на само на еден ден во животот на секој од овде присутните, туку на благородната мисија и вредностите во кои веруваме, кои ги промовираме и заеднички ги негуваме“. На настанот се обратија и Амбасадорот на Франција Бомбардер и градоначалникот Герасимовски, кои исто така ги истакнаа вредностите и значењето на Франкофонијата. Учество земаа и претставници од резидентните амбасадори на земјите членки на Организацијата на франкофонија: Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Швајцарија, како и резидентните  Почесни конзули на земјите франкофони, Белгија и Канада.

Исто така, учениците од француските паралелки на средните државни училишта Раде Јовчевски – Корчагин и Орце Николов, како и од Францускиот институт, покрај тоа што учествуваа во садењето дрва, рецитираа и поеми од македонскиот поет и франкофон Ацо Шопов, и францускиот поет Виктор Иго.

Политички консултации меѓу Министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Француската Република во Париз

Во периодот од 14 до 16 февруари 2023 година, државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски престојуваше во работна посета на Француската Република. На 14 февруари 2023 година, во Париз се одржаа билатерални политички консултации меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, предводени од државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски и директорот на Директоратот за континентална Европа во Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, Фредерик Мондолони. Соговорниците изразија задоволство од динамичниот и континуиран политички дијалог меѓу Северна Македонија и Франција, со кој се зацврстува севкупната билатерална политичка и економска соработка, како и взаемна поддршка во мултилатералните односи, со заложби за натамошно интензивирање и продлабочување на дијалогот на сите можни нивоа помеѓу двете држави и општества.   Во фокусот на средбата беше тековниот пристапен процес на Северна Македонија во ЕУ и недвосмислената поддршка на Француската Република на евроинтеграцискиот пат на нашата земја. Ваквата заложба е видлива во напорите на Француската Република во рамки на дијалогот со соседна Бугарија и надминување на предизвиците во односите меѓу двете земји.  Во овој контекст, ДСек Тосевски изрази благодарност за ангажманот на Франција во рамки на претседателството со Советот на Европската унија, што резултираше со одржување на Првата меѓувладина конференција на ЕУ и Северна Македонија. Директорот Мондолони подвлече дека Франција засилено ќе продолжи да го поддржува реформскиот процес на нашата земја во сите клучни области. Стана збор и за идеи за унапредување на соработката во рамки на Европската политичка заедница. На средбата, соговорниците се осврнаа и на развојот на економските односи меѓу Северна Македонија и Франција, во чие светло беше поздравена и најголемата француска гринфилд инвестиција во Северна Македонија за изградба на соларен парк на „Акуо Енерџи и активностите со Француската агенција за развој, кои можат да поттикнат нови понатамошни француски инвестиции, со што уште еднаш се реафирмира интересот за натамошно унапредување на одличната економска соработка меѓу двете држави. Двете страни се осврнаа на соработката и во доменот на одбраната, безбедноста, културата и мултилатералната димензија. Беа разменети мислења и за сите актуелни меѓународни и регионални прашања како Берлинскиот Процес, иницијативата Отворен Балкан, Европската политичка заедница, како и за соработката и предизвиците во рамките на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023. Исто така, делегацијата предводена од државниот секретар Тосевски оствари средба и со советничката за Европа на претседателот на Француската Република Емануел Макрон, Гаранс Пино. На средбата се разменија ставови за пристапниот процес  на Република Северна Македонија, како и за актуелните внатрешно-политички случувања во државата. Советничката Пино изрази силна поддршка на нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија. На средбата во Секретаријатот за европски прашања при канцеларијата на премиерката на Франција, со директорката на Одделот за соседство, проширување и одбрана се дискутираше за начините за споделување на искуствата со Европската Унија, како и соработка на конкретни проекти. Во Националното собрание на Француската Република, македонската делегација се сретна со групата за пријателство со Северна Македонија предводена од претседателката Лилиана Танги. Се разговараше за актуелните прашања околу евроинтеграцискиот процес и  внатрешно-политичките случувања во државата за модалитети за продлабочување на парламентарната и соработката помеѓу двете држави. Во Сенатот на Француската Република, македонската делегација се сретна со членовите на групата Франција-Западен Балкан, на чело со претседателката Марта де Сидрак, кои покажаа интерес за европската перспектива и актуелните случувања поврзани со Северна Македонија и регионот на Западен Балкан, и изразија силна поддршка за унапредување на соработката меѓу двете држави. На средбата со Кристоф Најдовски, заменик-градоначалник на Париз, стана збор за можностите на соработка и споделување искуства помеѓу главните градови на двете држави, особено во поглед на зелените политики, но и со другите општини во Северна Македонија. На средбата во Француската развојна агенција беше соопштено дека се планира да обезбеди развојна помош во инвестициони проекти во износ од околу 50 милиони евра. Се очекува дефинирање на аранжманите и модалитетите на реализација и достава на предлог-проекти за финансирање. На маргините на работната посета беа остварени повеќе средби и со претставници на тинк-тенкови и млади од Франција на кои се говореше за внатрешно-политичките состојби во Европската Унија и земјите од Западен Балкан евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан, а со акцент на пристапниот процес на Северна Македонија.  

Скопје, 18 февруари 2023 година 

Конференција за спортска дипломатија

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија во соработка со Владата на Република Северна Македонија и амбасадата на Република Франција во Скопје беа домаќини на првата конференција ,,Спортска дипломатија: Од настап до влијание’’. На конференцијата се разменија мислења околу придобивките што дипломатијата и спортот ги обезбедува во зајакнувањето на добрите односни помеѓу земјите, можностите за афирмација, соработка, обединување и размена на искуства. Министерот Османи истакна дека препознавајќи ја можноста за развој и интензивирање на меѓународните односи со помош на спортската дипломатија, ќе се направат напори за придонес кон што подобра афирмација, создавање и продлабочување на взаемни долгорочни партнерства со нашите земји пријатели во светот, на начин како што тоа денес го правиме со Франција, притоа додаде дека е “потребен е труд и соодветна стратегија за да може потенцијалот на спортот да се насочи кон остварување на националните интереси и приоритети“. На конференцијата беше истакнато дека независно дали спортските активности се аматерски или професионални, позитивно влијаат, создавајќи дополнителни можности за интер-културна размена, а со тоа и нови вредности. Амбасадорот ги презентираше во главни црти различните димензии на спортската дипломатија и врз основа на тоа потсети дека неговата земја е меѓу првите во светот во поглед на нејзиниот развој, нагласувајќи дека француското Претседателство со Советот на Европската унија ѝ дава големо значење на оваа тематика, преку два клучни настани, едниот се одржа овој месец во Париз, а другиот е предвиден за месец март, во Стразбур. На крајот, тој потсети на одличната соработка меѓу нашите две земји во областа на спортот, особено преку поддршката за развој на планинските спортови, што е во исто време одлична можност за унапредување и промовирање на убавото природно наследство на Северна Македонија. Говорниците исто така разменија добри практики и успешни приказни од примената на спортската дипломатија во Франција, во рамките на организирањето на Летните олимписки игри планирани да се одржат во Париз 2024, како и за привлекување на дополнителни интернационални  спортски настани во Франција.  

Скопје, 15 февруари 2022 г.

Tourist destinations

Кањон Матка, Скопје

Крушево

Широк Сокак, Битола